Фудбалерите на Рома, вечерва гостуваа во Барселона, во рамките на првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Римјаните, со исклучок на Раџа Наинголан, синоќа го одработија последниот тренинг пред денешниот натпреварот.
Репрезентативецот на Белгија се повреди на натпреварот против Болоња, а како што пренесуваат италијанските медиуми, тој нема да биде подготвен за пресметката на „Ноу Камп“. Дуелот со Барселона, Наинголан, ќе го започне од клупата за резерви.
Лекарскиот тим го советувал тренерот Ди Франческо да не ризикува со Белгиецот од самиот почеток.
Рома во средиот ред ќе ги има Де Роси, Стротман и Пелегрини, а Ди Франческо треба да одлучи кој ја дополни четворката на средината.
Дуелот Барселона-Рома ќе започне во 20:45 часот.