Top Sport

Проблеми за Сити – Де Бројне во аут подолго време

Шампионите од Премиер лигата, Манчестер сити можат да бидат без еден од своите клучни фудбалери, Кевин де Бројне подолго време, откако тој го повреди коленото на тренинг, јавува порталот „Гол“.

Колку е сериозна повредата на коленото останува да се процени во следните неколку денови, но извори блиски до фудбалерот велат дека е можно да се работи за пауза од два-три месеци, бидејќи се верува дека има повреда на лигаментите.

Ова не е првпат Белгиецот да го повредува коленото – во 2016 година беше во аут девет недели поради слична повреда.

27-годишниот Де Бројне беше еден од најдобрите фудбалери на Сити минатата сезона, кога тие рекордно стигнаа до титулата, а во текот на преодниот рок тимот не купи ниту еден играч од средниот ред, бидејќи во тимот ги имаа и Давид Силва, Бернардо Силва, Илкај Гундоган и Фил Фоден.

Scroll to Top