Top Sport

Роналдо и Бонучи стрелци за Јуве во нова контрола со младинскиот тим (видео)

Kристијано Роналдо и Леонардо Бонучи се запишаа во листата на стрелците, а Јувентус со 8:0 го декласираше сопствениот младински тим (У-23) во нова контрола пред стартот на сезоната.

Јуве веќе играше со младинскиот тим при 5:0 победата на традиционалното „собирање“ во Вилар Пероза во неделата, а денеска го повторија мечот во тренинг-центарот на Јувентус.

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол на мечот, а стрелци беа и Бонучи, Жоао Кансело, Пауло Дибала и Миралем Пјаниќ. Јуве првиот меч од новата Серија А сезона го игра против Киево овој викенд.

Масимилијано Алегри го смени речиси цел тим на полувреме, по што стрелци беа и Федерико Бернардески, Марио Манџукиќ и Блез Матуиди.

Scroll to Top