Top Sport

Проблемот на Мхитарјан се викал Жозе Мурињо

Хенрик Мхитарјан имал голем проблем со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо и ќе биде многу посилен и подобар во Арсенал, смета ерменскиот селектор Артур Петросјан.

Играчот од средниот ред се пресели на „Емирати“ како дел од договорот за трансферо на Алексис Санчез, и Петросјан вели дека бил исфрустриран од малкуте минути кој ги добивал најпознатиот ерменски фудбалер на денешницата.

Моќна Ерменија на нас не ни одговара премногу, бидејќи покрај Лихтенштајн и Гибралтар, тие се најсилниот противник во нашата група во Лигата на нации на УЕФА.

„Сите сме среќни од овој трансфер, бидејќи неговиот стил на игра повеќе ќе одговара во Арсенал. Мојот впечаток е дека Хенрик имаше проблеми со тренерот, а во Арсенал ќе биде сосема поинаку. Таму нема да треба да игра во дефанзива, и Венгер игра подобар фудбал од Мурињо“, вели Петросјан.

Scroll to Top