Top Sport

За Македонците нема место во најдобриот тим од втората фаза (видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави најдобрите седум играчи од втората фаза на Европското првенство во Хрватска, во кој немаше место за македонските репрезентативци.

Македонија беше прва во првата фаза од натпреварувањето, со победи над Словенија и Црна Гора и реми со Германија, но во втората рунда нанижа три порази – од Шпанија, Чешка и Данска.

Според ЕХФ на голот треба да биде Французинот Винсен Жерар, на крилата да играат Хрватот Мануел Штрлек и Шпанецот Феран Соле, на бековската позиција Ондреј Здрахала од Чешка и Албин Лагергрен од Шведска, среден бек да биде Французинот Кентин Мае, а пивот Норвежанецот Бјарте Мирхол.

Scroll to Top