Top Sport

Продолжува „чистката“ во Јунајтед – ќе платат да си замине и Маркос Рохо

Оле Гунар Солскјер полека ги „чисти“ фудбалерите на кои не смета во иднина, откако последните вести од Англија велат дека Манчестер јунајтед се подготвени и да платат за да се ослободат од дефанзивецот Маркос Рохо.

Местото на Рохо во тимот е посебно неизвесно по доаѓањето на Хери Мегвајр од Лестер, иако Аргентинецот има уште две години од договорот по кој добива плата од 130.000 фунти неделно. Тимот не успева да најде купувач по бараната цена од 20 милиони евра, откако интересот на Евертон не се покажа доволен за трансфер.

Според „Дејли мирор“, „ѓаволите“ се подготвени да исплатат голем дел од 13.5 милиони фунти преостанати од неговиот договор, и да го пратат Рохо во Италија или Шпанија на позајмица. Јунајтед повеќе би сакале трансфер и се надеваат дека Фенербахче се клубот за него.

Ова доаѓа откако Солскјер го продаде Ромелу Лукаку во Интер и денешните шпекулации дека е склучен и договор за продажба на Алексис Санчез на „нераѕурите“ и покрај изјавата на Солскјер дека смета на него.

Scroll to Top