Top Sport

Продолжува магичната серија на Салернитана – опстанокот станува реална можност!

Салернитана, клубот кој едвај се спаси од службено исфрлање од Серија А на крајот на 2021 година, ја продолжи неверојатната низа на три победи еднопоруго, триумфирајќи со 2:1 над Фиорентина на преполниот „Ареки“ стадион за да ги зголеми надежите за чудесно спасување од испаѓање во Серија Б.

Милан Ѓуриќ ги донесе домаќините до водство уште во 9. минута од мечот, откако стартот на мечот беше одложен порди конфетите кои домашните навивачи ги фрлија на теренот, но Рикардо Сапонара успеа да израмни за Виола во 64. минута. Џокер на Салернитана беше Федерико Бонацоли во 79. минута, само четири минути откако влезе во игра, го постигна победничкиот гол за клубот од Салерно.

Салернитана останува во зоната за испаѓање на 18. место со 25 поени, но сега Каљари им бега само три поени. Фиорентина е седма со 56 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top