Top Sport

Продолжува „војната“ во шпанскиот фудбал: Претседателот ќе ја тужи фудбалерката што ја бакна

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) одговори на ултиматумот што го постави целата женска репрезентација во врска со скандалот со претседателот Луис Рубиалес кој ја бакна во усни фудбалерката Џенифер Хермосо по освојувањето на златниот медал на Мундијалот.

Светските шампиони синоќа се заканија со бојкот доколку не си заминат претседателот на федерацијата и селекторот Хорхе Вилда.

Дополнително, самата Хермосо тврди дека Рубиалес лаже во објаснувањето дека добил нејзина дозвола да ја бакне. Таа пишува дека се чувствувала како жртва на агресија.

Во соопштението од фудбалската централа прецизираат дека учеството во репрезентацијата е задолжително кога ќе се испрати повик. Дополнително, на самата Хермосо и се заканува судска тужба бидејќи според федерацијата тоа што го кажала не е точно.

Во соопштението за медиумите, РФЕФ сподели четири фотографии од моментот на доделување на наградите по финалето на Светското првенство, што кулминира со бакнежот меѓу Рубиалес и Хермосо. Објаснувањето на Федерацијата е дека самата жена била активна, бидејќи го кренала претседателот во воздух, поради што не е возможно тој присилно да ја бакнал.

Scroll to Top