Атлетико Мадрид ја победи Вленсија 1:0 во еден од дерби натпреварите кој се одигра во рамките на 22.коло во Ла Лига. Екипата која ја предводи Чоло Симеоне со овој триумф и се доближи на водечката Барселона на девет бода и во истот време се оддалечија на исто толку бодови од третопласираната Валенсија.
Атлетико на искуство и рутина го доби дербито на „Ванда Метрополитано“. Избраниците на Симеоне не им дозволија на противниците од Валенсија во текот на целиот натпревар да упатат ниту еден удар кон голот на Јан Облак.
Атлетико имаше неколку опасни напади и две добри шанси до 59.минута кога Анхел Кореа со со прецизен удар од 25 метри го совлада Нето.
Сепак победата над Валенсија има горчлив вкус бидејќи во текот на мечот Симеоне мораше поради повреди да ги замени двајцата централни дефанзивци, најпрвин Стефан Савиќ, а потоа и Диего Годин.