Фудбалерот на Депротиво Ла Коруња, Иниго Лопез, проговорил за местење на еден натпревар во Шпанија. Тој рекол дека во времето кога бил играч на Уеска, бил сведок на договор, неговиот клуб да им ја пушти победата на Химнастик.
Лопес рекол дека тој не играл на тој меч, а одлуката Уеска да им дозволи на противниците да победата ја нарекол „џентлменска“.
Дуелот навистина завршил со минимална победа на Химнастик, бидејќи Уеска веќе имала изборено пласман во Ла Лига. Дуелот е одигран во сезоната 2017/2018.
„Го изгубивме натпреварот бидејќи постоеше договор. Тоа секогаш постои во фудбалот. Кога ќе дојдете до завршните натпревари во сезоната секогаш гледата во распоредот и разговарате со луѓето. Едноставно луѓето се познаваат меѓу себе. Тогаш се вели, во ред нема да им правиме проблем на оние на кои бодовите им се потребни. Потоа никој не говори на таа тема. Секој што играл фудбал и што бил во тој свет знае дека тие работи се практикуваат. Она што потоа се случи, а има врска со обложувањето ги уништи сите работи“, рекол Лопес.