Top Sport

Пројковска ќе суди на ЕП во Англија

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја делегираше најдобрата судијка од Македонија, Ива Пројковска, за натпреварите што ќе се играат на Европското првенство.

Европското првенство во женска конкуренција ќе се одржи од 6. до 31.јули во Англија. На турнирот ќе учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи.

Пројковска е првата судијка од Македонија која ќе биде учесник на едно големо натпреварување.

Scroll to Top