Клуб Бриж го казни напаѓачот Мбае Диање пораи промашениот пенал на натпреварот со Пари Сен Жермен.
Белгискиот шампион во средата загуби во Париз од ПСЖ 1:0 во Лигата на шампионите. Голот за ПСЖ го постигна Мауро Икарди, а Бриж имаа шанса во финишот да дојдат до еден бод.
Диање меѓутоа во 76 минута не успал да реализира пенал.
@NavasKeylor stoppe le penalty de Diagne à la 76ème minute #PSGCLU pic.twitter.com/JgsEI2hH5I
— Omar Altundag (@OmarAlt14) November 6, 2019
По мечот тренерот Клемент бил лут бидејќи напаѓачот не бил тој што требало да го изведе пеналот.
Поради тоа тој е отстранет од тимот, а ќе добиел и парична казна.
„Тој нема да биде во конкуренција за натпреварот со Антверпен в недела. Ќе решам дали ќе го вратам во тимот. Ќе има сигурно и парична казна. Клупските правила мора да се почитуваат. Тоа беше глупава грешка, сега мора да се соочи со последиците“, рекол Клемент.
Бриж во наредното коло во Лигата на шампионите ќе гостуваат кај Галтасарај.