Top Sport

УЕФА го носи финалето во ЛШ надвор од Европа

УЕФА ги известиле потенцијалните комерцијални партнери дека е можно финалето во Лигата на шампионите во 2024 година да биде одиграно во Њујорк. Тоа би било прв пат финалето на најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот да биде организирано надвор од Европа, пишува „Морнинг консалт“.

Истиот извор наведува дека информацијата ја лансирала „TEAM Marketing AG“, швајцарска компанија која ги застапува комерцијалните интереси на УЕФА. Се надополнува дека ниту УЕФА, ниту компанијата не сакале да ги коментираат наводите.

„Морнинг консалт“ повикувајќи се на свои извори тврди дека финалето ќе се игра на стадионот во Њу Џерси.

Scroll to Top