Top Sport

Промес осуден на 18 месеци затвор

Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес е осуден на 18.месечна затворска казна, бидејќи со нож му нанел повреди на еден свој братучед.

Инцидентот се случил на семејна веселба во јули 2020 година, а животот на жртвата бил во опасност од повредите.
Судот го осуди фудбалерот на 18 месеци со образложение дека се работи за сериозен напад и потенцира дека немало елементи да го осуди за обид за убиство.

Всушност, за самото дело тој е осуден на 12 месеци, но бидејќи во ниту еден момент не покажал каење, ниту прашал за состојбата на повредениот, ниту пак дошол на судење, судот одлучил да го казни за дополнителни шест месеци.

Покрај тоа, фудбалерот ќе треба да му плати 7.000 евра на својот роднина за покривање на различни трошоци.

Покрај овој случај, Промес неодамна беше обвинет од холандскиот суд за шверц на 1.300 килограми кокаин. Тој случај се уште не е завршен.

Scroll to Top