Top Sport

Поповиќ ќе ја продолжи соработката со Сан Антонио Спарс

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, би требало да потпише договор до јуни 2026 година, пренесуваат американските медиуми. Поповиќ треба да добие 42 милиони долари за новиот тригодишен договор со Сан Антонио.

Легендарниот тренер го предводи Сан Антонио од 1996 година. На франшизата и донесе пет шампионски титули во НБА лигата.

Поповиќ три пати во кариерата беше прогласен за тренер на годината во НБА.

Сан Антонио оваа сезона не успеа да се пласира во плејофот, сезоната ја заврши со 22 победи и 60 порази.

На претстојниот драфт, Спарси први избираат, нивни избор ќе биде француското чудо Виктор Вембањама.

Scroll to Top