Top Sport

Промес уапсен, избодел член на семејството?

Холандскиот весник „Де Телеграф“ тврди дека напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес е уапсен во неделата наутро во Амстердам поради сомнежи дека во јули избодел член на семејството.

Весникот тврди дека засега Промес е само под сомнеж за напад кој резултирал со тешка повреда, обвинение за кое во Холандија може да се добие четири години во затвор. Тој е во притвор и ќе остане таму максимално три дена, иако притворот може да му биде продолжнен по сослушувањето.

Според „Де Телеграф“, Промес бил на семејна забава во Абкуде, во близината на Ухтрехт во мај, каде што влегол во расправија со член на семејството и го прободел со нож во колено.

28-годишниот Промес во 2019 се врати во Ајакс по настапите за Севилја и е постојан член на холандската репрезентација со 46 настапи и седум гола.

Scroll to Top