Top Sport

Пропадна неприродната коалиција – Лапорта му објави војна на Реал Мадрид

Најчитаниот шпански спортски весник „Марка“, го најави крајот на неприродниот сојуз помеѓу големите ривали Реал и Барселона. „Најтешки, историски, огромен, жесток…“, така „Марка“ го нарекува нападот на претседателот на Барселона, Џоан Лапорта врз Реал.

На овој начин заврши сојузот, кој беше формиран пред две години со цел да се истурка проектот европска Супер лига.

Добрите односи помеѓу двата клуба и нивните претседатели Џоан Лапорта и Флорентино Перез, се растурија кога Реал ги поддржа останатите шпански клубови, во нивната борба против Барселона поради „случајот Негреира“.

Барселона е по истрагата за поткуп на судии од 2001 година до 2018 година.

Во февруари новинарите на радио станицата Сер Каталуња открија дека Барселона од 2001 до 2018 година платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија.

За возврат, Негреира наводно делегирал судии и гарантирал дека тие ќе судат за Барселона. Барселона беше сензационално успешна во споменатиот период. Клубот освои девет шпански титули и шест Копа дел Реј.

Во своето обраќање до јавноста, Лапорта со гадење ги отфрли тие обвинувања и особено го нападна Реал.

„Посебно сакам да му се обратам на клубот кој не обвинува во овој случај. Клубот кој тврди дека се чувствува спортски оштетен. Клубот кој отсекогаш бил и е фаворизиран од судиските одлуки, не само историски, туку и тековно. Кој отсекогаш бил режимски клуб, најблизок до политичкиот и економски центар на моќта. Не смееме да заборавиме дека седум децении претседатели на судиската организација биле поранешни членови, , играчи и функционери на Реал.

70 години поранешни членови, играчи и функционери на Реал Мадрид одлучуваа кој ќе му суди на клубот, а тоа често го правеа и додека се уште беа на функции во Реал Мадрид. И тогаш таков клуб има образ да изјави дека е оштетен. Се фатија за најуспешната ера во историјата на Барселона. Престојното судење ќе послужи за демаскирање на неверојатно циничниот Реал“.

Scroll to Top