Фудбалските клубови Милан и Интер бараат локација на која ќе биде изграден новиот стадион. Извесно е дека новиот стадион ќе биде изграден надвор од Милано.
„Газета дело Спорт“, пишува дека клубовите се откажале од проектот наречен „Катедрала“, кој беше одобрен минатата година . Проектот во ноември, минатата година, беше одобрен од клубовите и од градоначалникот на Милано. Новиот стадион требаше да биде изграден до 2027 година, во реонот Сан Сиро, близу до култниот стадион на кој своите натпревари ги играат Милан и Интер.
Проектот за новиот стадион бил изработен од студиото, по чии дизајн е изграден стадионот на Тотенхем во Лондон.
Клубовите се откажале од овој проект поради протестите на жителите на Милано и активистите за зашитита на животната средина. Тие го убедиле градоначалникот, Бепе Сала, проектот да оди на јавна дебата.
Поради тоа Милан и Интер започнале да ја разгледуваат опцијата, новиот стадион, да биде, во предградието на Милано, во областа Сесто Сан Џовани.