Миши Батшуаи нема да биде 20. засилување за Нотингем Форест во преодниот рок. Челси и „шумарите“ не успеаја да го реализираат договорениот трансфер.
Батшуаи пристигна во Челзи летото 2016 година од Марсеј за 40.000.000 евра, но не успеа да ги оправда очекувањата на „Стемфорд Бриџ“. Малку се задржа на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи клубот го испраќаше на позајмици во Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал Палас и Бешикташ.
Но, ниту еден од тие клубови не го откупи договорот и Батшуаји секое лето се враќаше во Челзи. Така беше и овој пат кога си замина од Бешикташ, но беше јасно дека Томас Тухел не смета на него.
Се очекуваше белгискиот напаѓач да го напушти Челзи на крајот од преодниот рок и неговата преселба во Нотингем Форест беше завршена работа, но сето тоа пропадна во последните минути од преодниот рок.
Имено, клубовите не ја испратија навреме документацијата околу овој трансфер и на крајот челниците на Премиерлигата не можеа да го официјализираат трансферот на Белгиецот пред крајот на преодниот рок.
Батшуаи на тој начин остана без можност да игра во една од петте најсилни национални првенства, од причина што преодниот рок е завршен.
Тој сега има опција да оди во лига каде се уште трае трансфер рокот, а тоа се Белгија (6. септември), Турција и Чешка (8. септември) и Португалија и Грција, каде што рокот за трансфер трае до 22. септември.