Пропадна трансферот на фудбалерот на Виљареал, Николас Џексон во Борнмаут. Сенегалецот падна на медицинските прегледи. Бормут за крилниот напаѓач понуди 25.000.000 евра.
Проблемот настанал поради повреда на тетивата. Шпанците тврдеа дека 21.годишниот фудбалер ќе биде подготвен до средината на февруари, но лекарите од Бурнмаут сметаат дека тоа нема да биде можно пред средината на март.
Поради ова Џексон беше принуден да се врати во Виљареал.
Николас Џексон ја започна својата кариера во родниот Сенегал, а во Шпанија дојде во 2019 година. За сениорскиот тим на Виљареал дебитираше во 2021 година.
За репрезентацијата на Сенегал дебитираше на Светското првенство во Катар кога во вториот дел играше против Холандија.