Top Sport

Пропадна трансферот на Фекир во Ливерпул

Набил Фекир ги поминал лекарските прегледи во Ливерпул, но тој нема да потпише договор со „црвените“, откако пропаднаа преговорите помеѓу клубовите.

Информацијата дека Фекир ќе се врати во Лион, вечерва, ја објави неговиот клуб.

„Сакаме да ја известиме дека ги прекинавме преговорите со Ливерпул околу трансферот на Набил Фекир. Драго ние што ќе можеме да сметаме на нашиот капитен наредната недела, но ние ќе останеме отворени да ги слушнеме понудите на другите тимови“, соопшти клубот од Лион.

Преговорите пропаднале откако Ливерпул се обидел да ја намали цената за одличниот фудбалер, откако тој ги поминал лекарските прегледи на „Енфилд“.

Претходно, во текот на денот, англиските медиуми објавија дека Ливерпул се согласил да плати за Фекир 53 милиони фунти (60 милиони евра).

Scroll to Top