Top Sport

Пропаѓа трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити?

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол веќе требаше да биде претставен како нов играч на Манчестер Сити. Медиумите најавија дека Лајпциг ги завршил сите преговори со Манчестер Сити и дека ја прифатил понудата од 100 милиони евра за хрватскиот дефанзивец.

Но, една поинаква, дијаметрално спротивна приказна доаѓа од Германија.

„Нема договор. Ниту блиску“, одговори спортскиот директор Макс Еберл на новинарско прашање за можниот трансфер на Гвардиол. Така тој ги потврди индициите на германскиот „Скај Спортс“ кој пишува дека Гвардиол засега останува во германската лига.

Истото денеска го изјави и тренерот на Гвардиол, Марко Росе.

„Верувајте, би знаел доколку е на лекарски прегледи. Колку што знам, Јошко Гвардиол е наш играч. И тој ќе остане еден од нашите играчи. Не знам ништо за ниту еден лекарски преглед. Како тренер на тимот, сигурно би ги знаел тие работи”, изјави Росе во интервју за „Скај Спортс“.

Scroll to Top