Роберт Просинечки има минорни шанси низ квалификациите да избори пласман на ЕУРО 2020 со репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Просинечки има уште една шанса на ЕП да дојде преку плејофот во Лигата на нации.
Прашање е само дали тој ќе остане селектор на репрезентацијата на БиХ, бидејќи според тамошните медиуми Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ нема веќе доверба во неговата работа.
Довербата во Просинечки ја загуби и јавноста во државата најмногу поради фактот што во досегашниот тек од квалификациите БиХ во својот ростер немала ниту еден играч од националниот шампионат.
Медиумите му забележуваат дека Просинечки воопшто и не ги следел натпреварите во домашното првенство.
Инаку од селекциите од поранешна Југославија најмногу играчи од домашното првенство имале Србија и Македонија, по седум, еден повеќе од Хрватска и два од Црна Гора, додека Косово и Словенија имале само еден играч од своите првенства.