„Таков играч не сме имале ни пред ни потоа. Беше неповторлив, волшебен“, вака навивачите на Портсмут говорат за Роберт Просинечки. Поранешниот хрватски репрезентитвец само една сезона играш за Портсмут. Просинечки може да се пофали дека во кариерата играл за двата најголеми шпаснки клуба, Реал и Барселона.
Просинечки, фудбалер со префинета техника, беше познат и како страствен пушач. Позната е приказната на неговиот поранешен соиграч, Питер Крауч, дека знаел да запали на полувремето во соблекувалната на Портсмут.
„Само една сезона играв во Портсмут, одлично ми беше, дури и ме прогласија за омилен странец. Со задоволство се сеќавам на тој период. Ќе останев подолго, но мојот татко се разболе и јас решив да се вратам во Олимпија, а потоа и во Загреб. Питер е симпатично момче, тогаш беше многу млад. Добар играч, особено со таква висина. Интересна личност. Јас никогаш не сум криел дека пушам. Но, дека сум пушел во соблекувалната на полувреме, тука малку претера“, рекол Просинечки.
„Денес пушат речиси сите, само што се кријат. Мислат дека ако те види некој дека ќе ти извади муабет дека се трудиш доволно. Тоа не е вистина. Јас живеев за фудбалот. Тоа што сакав да запалам цигара и да се напијам, тоа нема врска. Толку многу му дадов на фудбалот. Во денешниот врвен спорт демек тоа не се прави. Роналдо е исклучок, ми делува како да е програмиран. Внимава на секоја работа. Веројатно поради тоа трае толку долго. Целиот живот го подредил на фудбалот. Тој супер игра, но во тоа има нешто роботски. Ми се чини дека и во љубовта е како робот.“
Просинечки, повторил дека денешниот фудбал не е како оној од негово време и претходно.
„И Меси и Роналдо се талентирани, не се работи тука само за дисциплината. Поради дисциплината доминираат долго време. Нема повеќе да има такви играчи кои ќе доминираат толку долго време. Имавме и еден друг Роналдо, кој доминираше три години, го имавме Роналдињо, Марадона. Тие беа многу пореално. Луѓето сакаат да видат потег да ги изненадиш со нешто, сакаат да ја видат убавината на играта. Фудбалот сега е за роботи, сите се физички максимално подготвени, но кога ќе се појави некој поразличен тогаш се врзуваме за нив. Тука е Меси поразличен од Роналдо, кај него има убавина во играта“, заклучил Просинечки.