Хрватскиот тренер, Роберт Просинечки се пријавил за испразнетото место селектор на фудбалската репрезентација на Гана, а оваа информација на тамошните медиуми ја пренесе неговиот агент Јосип Вукоја.
Според „Ghana Soccernet“, поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда во наредните денови ќе започне преговори со челниците на фудбалската федерација на оваа западноафриканска земја.
Како главен тренер, Просинечки (55) ги водеше Црвена звезда (2010-2012), Кајзериспор (двапати), репрезентацијата на Азербејџан, репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Денизли, Олимпија и Рудеш.
Во Гана не се задоволни од настапот на Купот на африканските нации, каде „црните ѕвезди“ го завршија натпреварувањето во групната фаза. Тренерите кои се поврзуваа со функцијата нов селектор се познатите Германци Феликс Магат и Јирген Колер.
Низ историјата, Гана често ја воделе тренери од овие простори: Милан Живадиновиќ, Ратомир Дујковиќ, Милован Рајевац во два наврати и Горан Стевановиќ. Интересно е што Просинечки беше во контакт со ФС Гана и во 2012 година, кога Стевановиќ си замина од селекторската функција.