Легендата на хрватскиот фудбал, Роберт Просинечки е еден од двајцата кандидати за селектор на Босна и Херцеговина, и тој вели дека парите не се толку важни, колку изборот на неговите помошници.
Фубалскиот сојуз на БиХ ќе го избере селекторот на 4 јануари, а во изборот се Просинечки и Амар Осим, и иако би имал плата од 15.000 евра, Просинечки вели дека условите се јасни.
„Би сакал да го прифатам предизвикот. Луѓето од сојузот на БиХ ми кажаа дека сум во потесниот избор и ќе се видиме во четврток. Ќе слушнам што имаат да кажат, но верувајте парите нема да играат улога. Најважно е кој ќе работи со мене. Јас со години работам со моите постојани помошници, Гордан Циприќ и Драган Спасиќ, така што без нив тешко дека можеме да се договориме“, вели Просинечки за хрватскиот весник „Вјечерни лист“.
Просинечки до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Азербејџан, кои му понудија и продолжување на договорот, но тој реши да се врати во Хрватска.