Top Sport

Просинечки: Савичевиќ е гениј, поголем и од Бразилецот Роналдо

Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда, Роберт Просинечки, во разговор за Индекс, открил неколку интересни детали од кариерата. Тој смета дека на просторите на поранешна Југославија, никогаш нема да се формира екипа, каква што имаше Црвена звезда во 1991 година кога го освои Купот на шампионите.

„Четири години се градеше таа генерација. Сега ќе зборувам за Дејан Савичевиќ…Мислам дека тој е еден од најголемите генијалци што сум ги видел во фудбалот, а имав можност да играм и со Бразилецот Роналдо. Таа генерација беше одлична, на крајот сите играа во најголемите светски клубови. Во Црвена звезда се чувствував добро. Кога дојдов во Реал Мадрид, тој тим беше веќе „готов“. Тогаш можеа да играат тројца странци. Имаше квалитет тој тим, направивме голем успех. Исто така силна беше и репрезентацијата во која играв“, рекол Просинечки.

Роберт Просинечкие е еден од оние играчи кои имале можност да играат за двата најголеми шпански клуба, Реал и Барселона.

Scroll to Top