Карло Анчелоти стана единствениот тренер во историјата кој освоил лигашка титула во најсилните пет европски лиги (Италија, Англија, Франција, Германија и Шпанија), откако Реал Мадрид ја запечати својата 35. титула, и италијанскиот тренер стана вистински хит на социјалните мрежи со неговата прослава на автобусот на парадата низ шпанската престолнина.
Неколку фотографии и видеа на Карлето станаа вирални, откако Винисиус Жуниор прво ја објави најдобрата фотографија на денот, со Анчелоти со пураа во устата и очила за сонце. Фотографијата беше споделена над 60.000 пати.
Покрај тоа, Анчелоти беше „фатен“ како танцува со Бразилецот и неговиот сонародник Едер Милитао, но и како се шегува со својот најдобар фудбалер, Карим Бензема, пред да се прегрне со него.
Прославата заврши, и сега е време за реваншот од полуфиналето на ЛШ против Манчестер сити веќе во среда.
The BOSS ? pic.twitter.com/nSNQ6FY2sV
— Vini Jr. (@vinijr) May 1, 2022
Tiene la misma relación Vinicius con Ancelotti que con Zidane ?? pic.twitter.com/aNEbVJ84oZ
— Antoine ??⌛️? (@Antonio9Tijola) May 1, 2022
View this post on Instagram