Top Sport

Протести пред седиштето на ФИФА – 6.500 топки за секој починат работник во Катар

Во пресрет на ждрепката за СП во Катар, протести беа организирани пред седиштето на ФИФА во Цирих.

Причина за протестите домаќинот на мундијалот и обвинувањата од разни невладини организации и медиуми дека во Катар не се почитуваат човековите права.

Германскиот уметни, Фокер-Јоханес Триб, пред седиштето на ФИФА остави 6.500 фудбалски топки наполнети со песок. Фигуративно ова претставува работниците кои починале работејќи на изградбата на стадионите и инфраструктурата во Катар.

На секоја топка на германски и англиски јазик е испишана пораката „светска совест, ти си дамка од срам“.

Британскиот дневен весник „Гардијан“ објави дека 6.500 работници, претежно од земјите од Југоисточна Азија, ги загубиле животите работејќи во областа на Катар од 2010 година.

Бројни организации за човекови права побараа на Катар да му се одземе организацијата на турнирот поради непочитување на човековите права и тешките услови на печалбарите ангажирани во изградбата на објекти.

Според катарските власти, таа смртност не е висока со оглед на тоа што на територијата на оваа блискоисточна земја има околу 1,4 милиони работници од Југоисточна Азија.

„Ова е прифатливо за ФИФА и за катарската влада“, рече Триб.

Претседателот на AWO, здружение кое се бори за правата на работниците, смета дека е нивна обврска е да се вклучат во овој протест.

„Не може да се преговара за човечките животи, нивните работни услови и нивната слобода тие вредат повеќе од кој било приход. Исто така, го осудуваме ограничувањето на правата на жените во Катар“, рече Мајкл Шефлер.

Ждрепката за Светското првенство започнува во 18 часот во Доха. Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар.

Scroll to Top