Top Sport

Против Грузија без Аријан Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда многу веројатно ќе го пропушти натпреварот против Грузија на 12. ноември во Тбилиси за пласман на Европското првенство.

Аријан Адеми, се поведил во неделата, на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра.
Медицинските прегледи кој му беа направени од лекарскиот тим на македонската репрезентација, потврдиле дека Адеми има парцијална руптура на предната ложа.

Шансите да се опорави и да биде во конкуренција за настап за натпреварот во Грузија се минимални.

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, на местото на Адеми го повика фудбалерот на Шкендија Енур Тотре.

Фото/FFM.мк

Scroll to Top