Top Sport

Против кого ќе игра Македонија во баражот за СП ? Попладнево е ждрепката во Цирих

Попладнево во Цирих ќе биде одржана ждрепката за бараж натпреварите, за пласман на Светското првенство. Три од 12 репрезентации на крајот ќе изборат пласман на Мундијалот.

Македонија, на ждрепката е сместена во групата на неносители, заедно со Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.

Носители се Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс.

Ќе бидат формирани три групи, со по четири селекции, ќе се игра полу-финале и финале.

Носителите ќе бидат домаќини на полу-финалните натпревари, додека домаќините за финалните натпревари ќе бидат одредени со ждрепка.

Натпреварите ќе се играат на 24 и 25 март, финалињата ќе бидат на програмата на 28 и 29 март.

Ждрепката во Цирих ќе започне во 17 часот.

Пласман на СП досега обезбедија: Катар, Германија, Данска, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Франција, Швајцарија, Холандија и Аргентина.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top