Top Sport

Против роботи шутираа слободни удари

Реал воведе револуционерен метод на вежбање за изведување слободни удари, кој веќе го користат Лион и ПСВ. Клубот на социјалните мрежи објави дека пред играчите има нова пречка: „роботски жив ѕид“ кој за разлика од статичениот, направен од дрво, метал или пластикан, буквално скока.

Роботите во живиот ѕид се програмирани така што при изведување слободен удар, кога топката ќе почне да се движи тие скокаат, како што тоа го прават фудбалерите на натпревар.

Новата алатка што ја користи Реал функционира така што во базата на податоци се внесува висината на играчот, ги избира оние што ќе се стават во живиот ѕид врз основа на таа карактеристика, како и нивната скочност.

При изведување слободен удар, вака поставената механичка бариера скока исто како во ѕидот да има вистински фудбалери.

Без разлика на сето горенаведено и фасцинантната сличност на реакцијата на овој роботизиран жив ѕид со вистинскиот, играчите на Реал, како што сведочи и видеото, брилијантно се снајдоа против овој невообичаен противник.

Scroll to Top