Top Sport

Прв официјален натпревар на Македонија и Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија, во Разград, против Бугарија ќе го започне новиот циклус во Лигата на нации. Во вториот натпревар од оваа група, во Ц-дивизијата, ќе играат Грузија и Гибралтар.

Од осамостојувањето на Македонија, националниот тим против Бугарија одиграл седум натпревари. Интересно сите биле од пријателски карактер, дуелот во Разград ќе биде прв натпревар од официјален карактер помеѓу овие две селекции.

На претходните седум натпревари Македонија има две победи, Бугарија четири. Победник немало во првиот натпревар, одигран на 1.април 1995 година.

Македонија победила во март 1998 година (1:0) и во август 2018 година (2:0). Бугарите славеле во мај 1996, август 2001, јануари 2006 и во март 2016 година.

Натпреварот Бугарија-Македонија ќе започне во 18 часот, ќе го суди Пангар од Франција.

Фото/ ffm.mk

 

 

Scroll to Top