Top Sport

Прв пораз за Анчелоти, Мојс стартуваше со победа (Видео)

Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз по враќањето во Премиер лигата. „карамелите“, вечерва се поразени на „Етихад“ од Манчестер сити со 2:1. Во Лондон новиот менаџер на Вест Хем, Дејвид Мојс, со победа го започна вториот мандат во клубот. Во Норич домашниот тим и Кристал Палас освоија по еден бод.

Евертон имаа реми на полувреме против Сити, а нивниот отпор го скрши Габриел Жесус со два гола во 51 и 58 минута. Неизвесноста ја врати Ришарлисон во 71 минута, но Евертон немаа сили за евентуален пресврт.

Вест Хем го пречекаа Борнмут и успеаја да ја прекинат серијата од четири порази во низа на домашен терен. „„Чеканите“ имаат само четири победи на последните 13 натпревари.

На дебито на менаџерот Мојс два гола постигна капитенот Нобл, а еден Фелипе Андерсон и Алер кој постигна преубав гол.

Норич и Кристал Палас одиграа 1:1. Головите беа постигнати на почетокот и на финишот од натпреварот. Кантвел во четвртата постигна гол за „канаринците“, а израмни во 87 минута Викам.

Scroll to Top