Top Sport

Прв пораз на Вотфорд, Јунајтед го освои „Викариџ роуд“ (Видео)

Манчестер јунајтед му го нанесе првиот пораз на Вотфорд во новата сезона. Во петтото коло „црвените ѓаволи“ победија на „Викариџ роуд“ со 2:1. Јунјтед победија благодарение на блицкригот во првиот дел кога ги постигнаа двата гола и одбраните на Давид Де Хеа во последните минути од натпреварот.

Манчестер јунајтед подобро влезе во мечот и за таквата игра наградата стигна во последната третина од првото полувреме, кога најпрвин Лукаку ов 35., а потоа и Смолинг во 38.минута постигнаа двата гола.

Вотфорд одигра многу подобро во вториот дел, но за добрата игра домашните играчи беа наградени со само еден гол. Греј во 65.минута го совлада Де Хеа, кој имаше две добри интервенции во финишот на мечот, со кои му ги обезбеди бодовите на својот тим.

Scroll to Top