Top Sport

Металург поразен во Лисабон

Ракометарите на Металург со пораз ги стартуваа натпреварите во Ц-групата во Лигата на шампионите. Вечерва, Металург е поразен во Лисабон од Спортинг 34:26 (13:13).

Очекувано младиот тим на Металург запиша пораз од Спортинг, иако тимот на Данило Брестовац беше рамноправен во првиот дел со фаворизираниот домаќин.

Металург во најголемиот дел од првиот дел, носен од извонредниот Томовски на голот, го диктираше ритамот. Најчесто предноста на македонскиот вице-првак беше два гола, а Спортинг во последните десет минути успеа да фати приклучок.

Во вториот дел, поради скратениот ростер, следуваше очекуван пад во играта на Металург. Спортигн полувремето во отвори со четири гола, а потоа речиси до финишот рутински ја одржуваше предноста од три до пет гола. Во последните неколку минути, домашните играчи дојдоа и до максималната предност од осум гола.

Танковски имаше десет одбрани, сите во првиот дел, а најпрецизни во редовите на Металург беа Танковски со шест и Серафимов со пет гола.

Наредниот викенд Металург ќе го пречека Бешикташ.

Scroll to Top