Осасуна славеше во Виљареал со 2:1 и му го нанесе на домаќинот првиот пораз во сезоната. Екипата од Памплона, со четвртата победа на последните пет натпревари, се искачи на делба на втората позиција заедно Реал, Атлетико и Севилја. Виљареал, има само две победи сезонава, а покра овој пораз пет пати одиграа нерешено. Тимот на Унаи Емери со 11 бода се наоѓа на 11 место на табелата.
Осасуна првиот дел го заврши со предност од еден гол. Торо погоди во 26.минута по одличната тимска акција.
Виљареал во мечот се вратија во 55.минута, со голот на Џерард Морено.
Овој резултат беше активен до 86.минута, кога Аиса Манди направи катастрофална грешка, која ја искористи Чими Авила. Аргентинецот погоди низ нозете на сонародникот Херонимо Рули.
Во наредното коло Осасуна ќе ја пречка Гранада, додека Виљареал ќе гостува кај Атлетик во Билбао.