Top Sport

Прв триумф на Манчестер јунајтед на домашен терен

Манчестер јунајтед забележа победа над ВБА (1:0), во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. За „црвените ѓаволи“ ова беше прва победа на домашен терен во Премиер лигата од почетокот на сеозната.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше решен во второто полувреме. На самиот почетоко од вториот дел судијата покажа на белата точка за ВБА, меѓутоа ВАР ја поништи неговата одлука.

Во 53 минута, топката го погоди во раката Фурлонг, Јунајѕед добија пенал. Првиот пенал не го реализира  Бруно Фернандеш, но доби можност да го повтори ударот. Вториот пат Португалецот не погреши.

Во наредното коло Јунајтед ќе гостуваат во Саутемптон, додека ВБА ќе ги пречекаат Шефилд јунајтед

Scroll to Top