Top Sport

Роналдо 2 – Калјари 0

Јувентус забележа победа над Калјари 2:0, во последниот натпревар од саботната програма во Серија А. Двата гола за Јувентус ги постигна Кристијано Роналдо.

Натпреварот со Калјари уште еднаш покажа дека Роналдо е клучен за играта на Јувентус. Португалецот во интервал од четири минути, во 38. и 42., постигна два мајсторски гола.

Калјари во втроиот дел постигнаа гол, кој го поништи ВАР.

Со оваа победа Јувентус се доближи на само еден бод до лидерот Милан, додека Калјари се на 11 место со 10 бода.

Scroll to Top