Реал Мадрид уште сега планираат ново градење на својот тим во текот на летото, а прв на листата според „Марка“ е српскиот плејмејкер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
„Марка“, која секогаш е добро информирана околу случувањата во „кралскиот клуб“, вели дека постојат 25-30 фудбалери кои се следат од Реал, а „тежината“ се мери според фудбалската способност, но и според карактерот.
Милинковиќ-Савиќ има само 22 години, но веќе се докажа во Војводина, Генк и Лацио, каде што собра вкупно над 100 настапи, а исто така има и Светско првенство за играчи под 20 години зад себе. Тој е технички квалитетен и физички способен со 1.93 метри и на „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека можат да го изградат во вистинска „сила“.
Лацио веќе го „врза“ Милинковиќ-Савиќ со нов договор до 2021 година, но тоа не значи ништо за моќта на Реал. Милинковиќ-Савиќ е син на поранешниот кошаркар на Алмерија, Никола Милинковиќ.