Top Sport

Норвешка постави рекорд според бројот на медали на ЗОИ

Бронзениот медал што го освои Норвешка, во тимскиот натпревар во алпско скијање е 38. за оваа земја на Зимските олимписки игри во Пјонгачнг.

Норвешаните на овие Игри поставија нов рекорд по бројот на освоените медали. Тие на вечната листа ги минаа САД, чии спортисти на ЗОИ во Ванкувер во 2010 година освоија 37 медали.

Во досегашниот тек од Олимпијадата во Јужна Кореја, репрезентативците на Норвешка освоија 13 златни, 14 сребрени и 11 бронзени медали.

Претходниот најдобар резултат на Норвешка беше 26 медали во Лилехамер 1994 и Сочи 2014 година.

Scroll to Top