Џенова, за која повторно во игра (овојпат како замена) беше Горан Пандев, стигна до својата прва победа под водство на новиот тренер Андриј Шевченко, совладувајќи ја Салернитана со 1:0 за пласман во осминафиналето на Копа Италија.
Човек на одлука беше напаѓачот од Гана, Кејлеб Екубан во 75. минута по асистенција на Јаја Калох за важна победа за кревање на моралот на тимот кого го чека тешка борба за опстанок во Серија А. Иронично, Шевченко повторно „налетува“ на својот стар клуб, Милан во осминафиналето на Купот
Во другите два вечерашни мечеви, прволигашите немаа проблеми – Венеција со 3:1 ја совлада Тернана, додека Удинезе, за која во игра влезе и Илија Несторовски, стигна до убедлива 4:0 победа над Кротоне.
КОПА ИТАЛИЈА, 1/16 ФИНАЛЕ
Венеција – Тернана 3:1
Удинезе – Кротоне 4:0
Џенова – Салернитана 1:0