Top Sport

Прва победа за Вотфорд (Видео)

Фудбалерите на Вотфорд во 12 коло ја забележаа првата победа оваа сезона во Премиер лигата. Во дуелот на двете последнопласирани екипи на табелата Вотфорд слева во Норич 2:0.

Поранешниот играч на Барселона Џерар Деулофеу, со гол и асистенција, беше најзаслужен за првемиерната победа на Вотфорд.

Крилниот напаѓач во втората минута ја искористи големата грешка на Емилијано Буендија, а во 52 минута му асистираше на Андре Греј за вториот гол.

Екипата на Кике Санчез Флорес од 65 минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Кристијан Кабаселе.

Норич со шестиот пораз на последните седум натпревари се наоѓа на последното место во Премиер лигата.

Scroll to Top