Top Sport

Леганес освои бод на „Аноета“ (Видео)

„Фенерџијата“ Леганес успеа да освои бод кај фаворизираните Реал Сосиедад во воведниот натпревар од 13 коло во Ла Лига. На клупата на Леганес на овој натпревар дебитираше новиот тренер Хавиер Агире.

Првото полувреме мина во знакот на Сосиедад. Домашните играчи имаа иницијатива и две добри шанси да постигнат гол.

Првиот гол на мечот го постигна Микел Мерино во 63 минута, а 15 минути подоцна Ел Несири ја шокираше „Аноета“.

Со овој бод Реал Сосиедад барем 24 часа ќе бидат лидери во Ла Лига. Баските имаат 23 бода, еден повеќе од Реал и Барселона. Леганес останаа последни со само шест бода.

Scroll to Top