Фудбалската репрезентација на Аргентина убедливо го порази Хаити во првиот контроелн натпревар пред заминувањето на Светското првенство во Русија.
Аргентина на стадионото на Бока јуниорс победи си 4-0, а хет-трик постигна Лионел Меси. Најдобриот играч на Барселона, првиот гол го постигна во 17.минута, а потоа во второто полувреме го комплетираше хет-трикот, со головите во 58. и 69.минута. Конечниот резултат го постави Серхио Агуеро.
Аргентина натпреварот го започна во следниот состав:
Кабаљеро, Таљафико, Фацио, Отаменди, Салвио, Маскерано, Ди Марија, Ло Селсо, Ланзини, Меси, Игуаин.
Аргентина последната проверка пред заминувањето на СП ќе ја има на 9.јуни против Израел. Во Русија, Аргентина ќе игра против Исланд (16.јуни), Хрватска (21.јуни) и Нигерија (26.јуни).