Top Sport

Прва работа за Сетиен по отказот во Барса и оние 2:8 против Баерн

Кике Сетиен (64) ќе го наследи Унаи Емери на клупата на Виљареал, тврдат шпанските медиуми. Емери, вчера ја прифати понудата од Бирмингем, тој во иднина ќе ја предводи Астон Вила.

Заборавениот Сетиен е без работа откако беше отпуштен од Барселона пред две години, по срамниот пораз од Баерн Минхен со 8:2, во Лигата на шампионите.

Сетиен беше паничен потег на тогашната управа на Барселона со Хосеп Марија Бартомеу, во јануари 2020 година ја презеде Барса од Ернесте Валверде, кој доби отказ по поразот од Атлетико Мадрид во полу-финалето на шпанскиот Суперкуп.

Тој претходно го привлече вниманието како тренер на Бетис, бидејќи играше навистина атрактивен фудбал со тимот од Андалузија. Интересно, Сетиен стана првиот тренер во историјата кој победил и на „Камп Ноу“ и на „Сантијаго Бернабеу“ во една сезона.

Сепак Сетиен, не се снајде во Барселона. Веднаш беше елиминиран во Купот на Кралот, благодарение на Меси и со многу среќа го мина Наполи во Лигата на шампионите на крилата на Лео Меси, а потоа по поразот во „Ел Класико“ следуваше пауза поради корона вирусот.

Барселона беше лидер во Примера, но кога сезоната продолжи Реал успеа да го престигне вечниот ривал и да ја освои титулата, а потоа следуваше катастрофалниот пораз од Баерн.

Сетиен буквално беше избркан како еден од најлошите тренери во модерната историја на клубот.

Две години подоцна го чека Виљареал, интересен тим кој е проектиран да се бори за висок пласман во Шпанија.

Scroll to Top