Роналдињо Гаучо, некогаш најдобриот игра во светот, светски првак со Бразил и освојувач на бројни клупски трофеи со Барселона се наоѓа во притвор во Парагвај. Тој и е неговиот брат, кој воедно му е и менаџер, Роберто Асис, беа упасени минатиот четврток, бидејќи во државата влегле со фалсификувани пасоши.
Обвинителството за Роналдињо и неговиот брат побараа да им биде продолжена мерката притвор, тврдејќи дека постои можност да избегаат доколку бидат пуштени да се бранат од слобода.
По барање на обвинителството тие биле префрлени во затворското одделение Квадрилатерал каде се сместени обвинети за корупција, трговија со дрога и оние против кои се водат политички процеси.
До почетокот на судењето Роналдињо и неговиот брат би можеле да минат и шест месеци во притвор. Според законите на Парагвај тие се соочуват со пет годишна затворска казна.
Денес некои медиуми ја објавија првата фотографија на Роналдињо од притворското одделение. Со неизбежната насмевка тој позира во црн шорц, бордо маичка и бели папучи.