Top Sport

Филип Кузмановски се сели во Хановер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по само една сезона би можел да го напушти Магдебург. Како што пишува „Билд“, сериозен интерес за Кузмановски покажале од Хановер.

Хановер се во потрага по играч кој би го заменил данскиот ветеран Мартин Олсен (35). Олсен по завршувањето на сезоната се враќа во татковината и ќе го облече дресот на ГОГ Гудме.

Челниците на клубот биле заинтересирани за Словенците Миха Зарабец (28) од Кил и Сташ Скубе (30) од Вардар, но биле свесни дека не можат да ги исполна финансиските барања на овие двајца играчи.

Зарабец е играч на Кил, а за Скубе сериозен интерес покажуваат Пари Сен Жермен и Мешков Брест.

Поради тоа Хановер го зголемиле интересот за 23 македонски репрезентативец, кој во Бундеслигата пристигна минатото лето од Еурофарм Работник.

Scroll to Top