Top Sport

Прва „жртва“ во Премиерлигата – Вотфорд го отпуштија Муњоз

Вотфорд стана првиот премиерлигаш со тренерска смена оваа сезона, откако безмилосно го отпуштија Чиско Муњоз по само седум натпревари во новата сезона по 1:0 поразот од Лидс, како седми тренер кој е сменет од лондонскиот клуб последните пет години.

Шпанецот пристигна во Вотфорд пред 10 месеци и успеа да ги внесе „стршените“ во Премиерлигата, но по четири порази во првите седум меча, сопственикот на клубот, Џино Поцо, реши дека е време за промена.

„Бордот на клубот смета дека последните резултати покажуваат негативен тренд, а во исто време нема единство меѓу играчите. Секогаш ќе му бидеме благодарни на Чиско за враќањет ово Премиерлигата и му посакуваме среќа во иднина“, се вели во објавата на клубот.

Вотфорд ја завршија минатата сезона на второто место во Чемпионшип, веднаш зад Норич сити, а сезоната почна одлично со победата над Астон вила во првиот меч од сезоната. По ова следуваа три порази против Брајтон, Тотенхем и Вулверхемптон, пред 3:1 победата над Норич, ремито со Њукасл и поразот од Лидс.

Италијанскиот газда Поцо веќе има сменето 17 тренери во Вотфорд од 2011 година. Тој еднаш го отпушти Били Меккинли по само два месеци, додека Кике Санчез Флорес беше отпуштен двапати – по една сезона во 2016 и по пола сезона во декември 2019.

Scroll to Top