Top Sport

Првенец за Кулушевски, Рамос утна два пенали, „петлите“ триумфално во Португалија

Репрезентацијата на Шведска вечерва со 2-1 славеше против Хрватска во рамки на Лига А во Лигата на нации на УЕФА. Дебитански погодок на овој меч имаше шведскиот фудбалер со македонски корени, Дејан Кулушевски. Тој ги „начна“ Хрватите уште во 36 минута, а во последните моменти од првиот дел Даниелсон прецизно стрелаше за 2-0 за „викинзите“.


Избраниците на селекторот Далиќ одиграа слаб меч. Почесниот погодок за Хрватска всушност беше автогол на стрелецот на вториот гол за Шведска – Даниелсон.

Дербито на ова коло се играше на „Луж“ во Лисабон. Португалија предводени од Кристијано Роналдо го пречека светскиот шампион, Франција и воедно доживеа минимален пораз од 1-0.

Стрелец на победоносниот гол за „петлите“ беше Канте во 54 минута, по ударот на Рабио.

Инаку Французите беа поконкретни во првото полувреме, Марсијал промаши три чисти шанси.

Во вториот дел најдобрата прилика за израмнување ја имаше Мутињо во 75 минута по еден удар од далечина, но Лорис со парада спречи израмнување.

Во Базел Швајцарија ја пречека фаворизираната Шпанија. Домаќините го добија првото полувреме во своја корист благодарение на одличниот погодок на Фројлер во 26 минута.

Трагичар кај Шпанците беше рекордерот Серхио Рамос кој промаши два удари од белата точка, при 1-0 за Швајцарија. Рамос беше непрецизен во 57 и 80 минута(голманот Зомер одбрани), а делумно го спаси погодокот на неговиот колега Морено во 89 минута со што мечот заврши 1-1.

На стадионот на Лајпциг, селекцијата на Германија со пресврт славеше триумф против Украина, 3-1.

Гостинско водство донесе Јеремчук во 12 минута, а „панцирите“ до полувреме направија целосен пресврт. Најпрво Сане погоди во 23 минута за 1-1, а Вернер во 33 прецизно стрела за 2-1.

Конечните 3-1 со гол во второто полувреме ги постави Вернер, во 64 минута.

Scroll to Top